Од СДСМ потенцираат дека се злоупотребени името, податоците и фотографиите на Филипче.
„Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување, а граѓаните се насочуваат на приватни пораки. Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци, што можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале“, наведуваат од партијата.
Како што нагласуваат, разликата меѓу официјалниот профил на претседателот на СДСМ и оној лажниот, може да се препознае најлесно преку синиот беџ за верификација. Тој постои само на вистинскиот профил на Филипче.
Лажниот профил веќе бил пријавен, од СДСМ очекуваат брза реакција за негово бришење.