петок, 27 декември 2024

Венизелос уште во 1933 година бил подготвен да им даде училишта на мајчин јазик на „Славомакедонците“ во Грција

Во архивите во Австралија, кои се сега јавно достапни, може да се најдат бројни документи на британската дипломатија за случувањата на Балканот, особено во Грција и регионот. Во една од телеграмите, британското Министерство за надворешни работи од своите извори добива информација дека грчкиот премиер Елефтериос Венизелос (1928-1933) бил подготвен да отвори училишта на македонски јазик за „Славомакедонското“ малцинство во неговата земја.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во една од тие телеграми од 6 октомври 1933 година (C8743/2496/19) пишува дека Венизелос рекол дека југословенската влада треба да направи сериозни напори за „Славомакедонското“ население. Венизелос смета дека овие луѓе (Славомакедонците), од кои мал дел живеат во Грција, не повеќе од 60.000, не е чисти Бугари, туку дека се нешто помеѓу Бугари и Срби. Јас секогаш сум подготвен да им дадам училишта и други разумни малцински привилегии, им рекол Венизелос на британските дипломати.

Елефтериос Венизелос се виден грчки револуционер, државник, бил министер за надворешни работи и претседател на владата на Грција во неколку наврати од 1910 до 1933 година. Бил против обнова на монархијата и враќањето на кралот Константин, но не успеал во тоа. Венизелос имал големо влијание врз внатрешната и надворешна политика на Грција, и поради тоа му се припишува епитетот „создавач на модерна Грција“.

Во денешна Грција, членка на ЕУ, правата за кои Венизелос зборувал уште во триесетите години од минатиот век сѐ уште не се применети.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ