сабота, 27 јули 2024

Венецот на Сиљановска пред плочата на Свети Кирил и Методиј без име на државата

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова вчера положи венец на спомен-плочата на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј на кој не го пишува името на државата. На лентата на венецот што таа го положи пишува само претседателка Гордана Сиљановска Давкова, без да се наведе името на државата.

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателката Сиљановска Давкова ја посети и базиликата Санта Марија Маџоре, каде положи венец на спомен–плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј“, соопштија од кабинетот на претседателката.

Сиљановска Давкова ја предводеше државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан, по повод честувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители.

На ова реагираше претседавачката на Централниот одбор на СДСМ и министерка за одбрана Славјанка Петровска.

„Прво го избришаа името Македонија од статутот, а сега престанаа да го користат и во официјална комуникација. Македонија за нив нема име, нашата држава. Школски пример за газење на идентитет е да не го спомнуваш името на државата”, напиша Петровска на својот фејсбук-профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ