недела, 19 мај 2024

Вембанјама едногласно е прогласен за дебитант на годината во НБА

Виктор Вембанјама немаше конкуренција, францускиот репрезентативец кој игра за Сан Антонио е прогласен за дебитант на годината во НБА.

Објавено на

часот

Сподели

Кошаркарот на кого му предвидуваат блескава иднина во НБА, едногласно со сите можни 99 гласа беше прогласен за најдобар дебитант.

Бројките велат дека таквиот избор е апсолутно заслужен. Вембанјама е прв играч во историјата на НБА кој во својата дебитантска година постигнал над 1.500 поени (1.522), над 700 скока (755) и над 250 асистенции и блокади (274/254) и притоа погодил повеќе од 100 тројки (128). Сезоната ја заврши со просек од 21,4 поени, 10,6 скока и 3.9 асистенции. Освен тоа, остваруваше и по 3,6 блокади поради што е во конкуренција и за дефанзивец на годината, признание кое треба да биде доделено вечерва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ