понеделник, 21 октомври 2024
Гостите на бразилски погон до триумф во Скопје

Велтон и Роналдо го матираа Шкупи, Левски си заминува со победа од 0-2 (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Шкупи е пред елиминација во второто коло во квалификациите во Конференциска лига откако вечерва дома загуби од Левски.

Гостите од Бугарија на бразилски погон стигнаа до победа од 0-2 во Скопје и направија значаен чекор кон следната рунда.

Резултатот беше отворен по половина час игра, Рикардињо прими една долга топка и го проигра Велтон, кој рутински реализираше за 0-1.

 

Конечните 0-2 беа поставени во 94. минута, по еден корнер топката заврши кај Роналдо, кој од само неколку метри немаше мака да ја затресе мрежата на Шкупи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ