Велс освои три бода во пресметката со Каазхстан, домаќините славеа со 3-1, но гостите практично цел натпревар беа во игра за реми.
Даниел Џејмс во 9. минута го отвори резултатот со доста среќа, неговиот удар се одби од еден противнички играч и заврши во мрежата за 1-0.
Казахстан изедначи во 32. минута, капитенот Тагиберген погоди од пенал за 1-1, резултат со кој се одите на пауза.
Сепак, домаќините се вратија во предност на стартот од вториот дел, Бен Дејвис најдобро се снајде по еден корнер и реализираше за 2-1 во 47. минута.
Гостите се обидуваа да стигнат до ново изедначување, го ставија на мака фаворитот, но мечот беше решен во 90. минута кога Матондо доби топка на 5 метри и прецизно биеше по земја за 3-1.
Во вторник, Велс гостува во Скопје на мегдан со Македонија и дуел на двете водечки екипи во Групата Ј, во отсуство на главниот фаворит Белгија.
Rabbi Matondo bags his first goal in a Wales shirt. 👏
🏴 Wales 3-1 Kazakhstan 🇰🇿
📺 Watch on @BBCOne Wales
📲 Follow on the @BBCSport website/app
📻 Listen on @BBCRadioWales#BBCFootball #Wales pic.twitter.com/Yt0CXB4v60— BBC Sport Wales (@BBCSportWales) March 22, 2025