Овој натпревар, во организација на веќе докажаниот бренд за спортски натпревари Србија Епик, беше дел од календарот на Светската велосипедска федерација – УЦИ. Нешто повеќе од 60 км и висинска разлика од речиси 2400 метри беше предизвик за сениорската конкуренција во екстремно суви услови и брутални искачувања.
Со вкупно време од 5 часа и 9 минути, Иванова го заслужи златото и дополнителни 60 УЦИ поени. Второпласирана беше Бојана Јовановиќ од Србија, а за третата позиција се бореше Асја Борисова од Бугарија.
Во машката конкуренција, подиумот го делеа Мартин Фреј од Германија, Милан Нешиќ и Алекса Рајковиќ од Србија.
На овој маратон делегат претставник на УЦИ беше назначен комесарот Идо Еиндор од Израел, додека одговорен за организацијата на натпреварот – Немања Вајс, директор на брендот Србија Епик.