сабота, 27 јули 2024

Велковски најави системско решавање на проблемот со бездомните лица во „Ранка Милановиќ“

Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски денеска ги посети бездомниците кои живеат во поранешниот објект на ЈУ за згрижување и воспитување на деца и младинци „Ранка Милановиќ“. Toj најави системско решавање на проблемот со кои се соочуваат 70-тина лица кои, како што рече, веќе седум години живеат во мизерни услови.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Центарот за социјални работи првично со неколку решенија низ годините наназад ги смести корисниците. Пак ќе кажам и тоа треба да се разгледа дали е законски, бидејќи овој дом бил за сосема друга социјална категорија на граѓани, не и за сместување на бездомни лица. Меѓутоа, ги сместил со решенија и неколкупати ги обновувале. Сега бројката мислам дека не е повеќе од 70-тина луѓе коишто се тука во кругот на оваа зграда. Меѓутоа, знаете дека поради доаѓање и заминувањее на дел од нив, поради условите коишто не се хумани и тие самите напуштааат или се враќаат тука во овие згради да живеат. Треба да се направат системски промени. Треба да се направи системски за да реши проблемот, а тоа значи и дека би имале подобри услови за живот и подобро домување од ова што го имаат во моментов“, рече тој.

Велковски најави дека и утре ќе оди во посета на бездомните лица лица кои живеат во „Ранка Милановиќ“ за да им однесат одредена помош, храна и социјални пакети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ