сабота, 27 јули 2024

Велковски: Ќе ги извлечеме граѓаните од сиромаштијата

Објавено на

часот

Сподели

Хасим живее под кирија заедно со неговата сопруга која е глувонемо лице и со која чекаат принова, под исти кров е и неговата сестра. Имаат на располагање само по 100 денари дневно за да се прехранат. Луѓето се заборавени од страна на институциите и со солзи во очите раскажуваат за тешкиот живот. Ветив дека сè ќе сторам да имаат пристап до правото на здравствена заштита и надоместок за попреченост согласно законските можности. Распадната семејна куќа со помош на донации ќе биде приспособена за нормално функционирање, за да не плаќаат кирија и понатаму.

За жал, бедата и сиромаштијата ги покосија сите граѓани, независно на етничката припадност.

Залудно е да зборуваме дали во изминатите седум години имало некакви покачувања на плати, пензии, социјални надоместоци и така натаму, кога секојдневните трошоци на луѓето пораснаа двојно. Промени мора да се случат, бидејќи животот кој го ветуваше СДСМ стана неподнослив, соопшти кабинетот на министерот за труд и социјална политика Ѓорги Велковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ