сабота, 26 октомври 2024

Велковски: Ќе се обидеме да ја изненадиме Германија

Македонската ракометна репрезентација утре има нов предизвик на Европското првенство, со почеток од 20:30 часот играме против домашната селекција на Германија.

Објавено на

часот

Сподели

Мартин Велковски е свесен колку ќе биде тешко со Германците, но верува дека можеме да направиме изненадување.

„Мислам дека повторно не очекува еден тежок натпревар бидејќи одбраната на Германија е доста цврста, физички мошне силна, нешто слично како Франција, но овие денови работевме на наша попрецизна игра во нападот бидејќи на првиот меч имавме многу технички грешки од кои примивме лесни голови. Се надевам дека против Германија ќе одиграме подобро во тој елемент и ќе бидеме порамноправни“, вели Велковски.

„Против Германија ќе се потрудиме да изненадиме, веројатно никој не очекуваше со Франција да одиграме толку квалитетно прво полувреме. По тој натпревар сме малку поискусни, видовме дека можеме да играме. Противникот игра пред своја публика, но тоа ќе биде само мотив плус за нас да одиграме колку е можно поквалитетно и да им направиме проблем“.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ