сабота, 21 декември 2024

Велика Британија го зголемува бројот на своите војници на Косово

Велика Британија ќе го зголеми бројот на војници во меѓународната мировна мисија на Косово поради загриженоста од распоредувањето на српски војници на границата.

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги негираше извештаите дека Белград го зголемува бројот на војници во близина на границата со Косово, жалејќи се на „кампања на лаги“ против неговата земја по смртоносната престрелка што ги зголеми тензиите меѓу двете земји.

Во неделата вечер, портпаролот на НАТО Дилан Вајт рече дека: „Велика Британија распоредува околу 200 војници од првиот Баталјон на кралскиот полк на принцезата од Велс за да се приклучат на контингентот од 400 војници на ОК што веќе вежба на Косово, а дополнително засилување ќе следи од другите сојузници“, пренесе Телеграф.

„Одлуката доаѓа по насилниот напад врз косовската полиција на 24 септември и зголемените тензии во регионот“, додаде тој.

Алијансата повторно повика на смиреност и побара Белград и Приштина да ги продолжат разговорите што е можно поскоро. Вајт рече дека тоа е „единствениот начин да се постигне траен мир“.

Тензиите го достигнаа врвот минатата недела во инцидентот кога косовски полицаец беше убиен во заседа на северот на земјата. Следеше престрелка меѓу специјалните сили на косовската полиција и тешко вооружени Срби.

Србија ги отфрли наводите на Косово дека ја обучувала групата од 30 мажи кои отворија оган врз полицајците минатата недела.

Србија одбива да ја признае независноста на својата поранешна јужна покраина, која има албанско мнозинство, освен во северниот регион, една деценија по смртоносната војна меѓу косовските герилци за независност и српските сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ