сабота, 27 јули 2024

Велика Британија го повикува Израел да покаже воздржаност

Британија продолжува да го поддржува правото на Израел да се брани, но повика на воздржаност во каква било воена акција против палестинската милитантна група Хамас, изјави министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли. Министерот Клеверли во обраќањето до медиумите рече дека во разговорите со израелската влада ја истакнал потребата да се сведат на минимум жртвите меѓу цивилите.

Објавено на

часот

Сподели

„Воздржаноста и дисциплината, тоа се карактеристиките на израелските одбранбени сили што сакам да ги видам“, изјави Клеверли за Скај њуз. Израел се подготвува за копнен напад во Појасот Газа кој е под контрола на Хамас, откако им порача на Палестинците да бегаат на југ кон затворената граница со Египет.

„Направете сè што можете за да го спречите Хамас да го добие она што го сака, а тоа е ова да ескалира во поширок регионален конфликт“, додаде Клеверли, одбивајќи да каже дали британската влада смета дека какви било израелски дејствија во Газа претставуваат кршење на меѓународното право.

Обединетите нации, високи функционери на ЕУ и на хуманитарните агенции изразија загриженост бидејќи многу Палестинци се борат да побегнат пред координирана офанзива во Појасот Газа во која се вклучени воздушните, копнените и поморските сили.

Офанзивата се очекува бидејќи цивилите продолжуваат да страдаат под целосната опсада што ја наметна Израел по невидениот смртоносен упад на милитантите на Хамас во земјата минатиот викенд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ