На средбата, министерот Меџити ја поздрави континуираната поддршка што Македонија ја добива од Обединетото Кралство, која е втор најголем економски партнер на нашата земја.
Меџити и Лорд Малком Офорд разговараа за имплементација и промоција на извозната стратегија во здравствениот сектор и испорака на надворешни директни инвестиции како дел од надлежностите на министерот за извоз при Обединетото Кралство.
Британскиот министе изрази поддршка и подготвеност за воспоставување на соработка во сите области кои се во интерес на граѓаните на двете земји, соопшти Министерството за здравство на Македонија.