среда, 23 октомври 2024

Велика Британија бележи рекорден број на антисемитски инциденти

Рекорден број од речиси 2.000 антисемитски инциденти се случиле во Велика Британија во првата половина од оваа година, објави добротворната организација ЦСТ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фондацијата за безбедност на заедницата (ЦСТ) соопшти дека 1.978 инциденти од јануари до јуни се двојно повеќе од бројот за истиот период минатата година (964) и највисокиот вкупен број пријавени во првата половина од годината.

Министерката за внатрешни работи Ивет Купер ги нарече нивоата на омраза „навистина ужасни“, пренесува дпа.

Добротворната организација, која го следи антисемитизмот и осигурува безбедност за еврејската заедница во Британија, рече дека реториката или сликите кои се однесуваат на Израел, Газа, нападот на Хамас или војната се појавиле во повеќе од половина од регистрираните инциденти, 1.026 од нив.

Главниот извршен директор на ЦСТ, Марк Гарднер, ги опиша бројките како „срамен пораст на британскиот антисемитизам“. „Тоа се случува низ целото општеството, вклучувајќи ги училиштата, кампусите, работните места, јавниот превоз и на улиците“, рече тој.

„Ние сме свесни дека иако таквата омраза може прво да ги таргетира Евреите, таа брзо се насочува и кон другите. ЦСТ ќе продолжи со својата цврста заштита на нашите британски еврејски заедници, водени од нашите вредности за заедницата, безбедноста и довербата“, рече Гарднер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ