сабота, 27 јули 2024

Велешките пожарникари спречија експлозија на цистерна крај бензинска пумпа

Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Велес утрово спречиле експлозија на цистерна којашто се запалила на автопатот Велес – Градско во близина на бензиска пумпа

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од ТППЕ Велес, утрово во 9:08 часот добиле дојава за запален шлепер-цистерна во близина на бензиската пумпа Дади Компани , по што веднаш се упатиле кон местото на настанот со две противпожарни возила и пет пожарникари.

„По пристигнувањето беше пристапено кон гаснење на пожарот и поради брзата итервенција не дојде до експлозија на цистерната“, велат од ТППЕ Велес.

Оттаму апелираат доколку граѓаните забележат пожар веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ