сабота, 27 јули 2024

Велешанец и битолчанец ќе одговараат затоа што сакале лажно да зачленуваат полицајци во својот синдикат

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Јавно обвинителство, првиот е обвинет за кривично дело – Посебни случаи на фалсификување исправа и Употреба на исправа со невистинита содржина, додека, вториот обвинет се товари дека му помогнал да ја употреби исправата со невистинита содржина.

„На 6 март, во простории на СВР Велес, првообвинетиот 42-годишен велешанец измамил две лица, наведувајќи ги да се потпишат наводно на пристапници за зачленување во Независниот синдикат на полиција, а притоа им поделил пристапници за тогаш сè уште неформираниот Синдикат на полиција во Македонија“, пишува во соопштението од Јавно обвинителство.

Оттаму дополнуваат дека ваквите исправи, со помош на вториот обвинет 46-годишник од Битола, првообвинетиот ги искористил за упис и регистрација на синдикалната организација. 

„Кон барањето за регистрација на синдикатот биле приложени записници од наводно одржано основачко собрание на Синдикат на полиција во Македонија со список на присутни, иако такво основачко собрание воопшто не било одржано“, дополнуваат оттаму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ