четврток, 16 јануари 2025

Велеа дека е забрането, но сонцето од Кутлеш доминираше во Вараждин (ФОТО)

На ден пред натпреварот меѓу Македонија и Унгарија се појавија информации дека нашите навивачи нема да можат да внесат знамиња со сонцето од Кутлеш, не само што не беше така, туку тие доминираа во салата во Вараждин.

Објавено на

часот

Сподели

Како и пред секое големо натпреварување, така и сега, беа потенцирани правилниците на ИХФ и ЕХФ кои велат дека навивачите треба да навиваат само со официјалните знамиња на земјите, особено да не носат реквизити со симболи кои се политички спорни.

На ниту едно првенство досега не се случило организаторот да го забрани сонцето од Кутлеш. Имало поединечни случаи кога некои вратари строго ќе ги почитуваат правилата, па ќе одземат по неколку реквизити, но тоа секогаш било минимален дел од она што ќе се внесе во салата.

Така беше и вчера, во Вараждин доминираше знамето со сонцето од Кутлеш, на трибините дури беше извадено и едно огромно знаме со тој симбол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ