петок, 17 јануари 2025

Вечерва, Шехерезада и Валпургиска ноќ во НОБ

Во Националната опера и балет, вечерва ќе бидат изведени балетските едночинки „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“.

Објавено на

часот

Сподели

„Шехерезада“ од Николај Римски Корсаков, работен по мотивите на приказните од „Илјада и една ноќ“, ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска. Кореографијата е на балет-мајсторот од Москва Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, костимите се на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор е Верица Ламбевска.

Балетската приказна ќе ја раскажат: Наташа Трендафилова Гицев, Ивана Коцевска, Илијана Данилов, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Балаж Лочеи (Унгарија) и Валери Љубенко (Украина).

Во вториот дел ќе се изведе едночинката „Валпургиска ноќ“ од Шарл Гуно. Диригент е Бисера Чадловска, а кореографијата е на Михаил Лавровски. Пренел и режирал Јуриј Мјачин од Русија. Сценографијата е на Илија Аризанов, а костимографијата на Изабела Поњавиќ, концерт-мајстор е Верица Ламбевска.

Ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска, Христина Наќевска Митрашиновиќ, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Балаж Лочеи (Унгарија) и Валери Љубенко (Украина). Ќе настапат првенци, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

„ ‘Валпургиска ноќ’ е всушност балетскиот дел од операта ‘Фауст’ на Шарл Гуно и е првата премиера на балетот на тогашниот Македонски народен театар (МНТ), која се извела на 27 јануари 1949 година во кореографија на Ѓорѓи Македонски“, соопшти Националната опера и балет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ