петок, 27 декември 2024

Вечерва промоција на Зборникот на трудови „Антево дело“

Објавено на

часот

Сподели

На овој, Втор по ред симпозиум за антевото творештво, беа презентирани реферати во живо и снимени излагања на еминентни научни работници, лингвисти и писатели преку видео обраќања во кои се третирани литературни, литературно-теориски, јазични и теми од историја на уметност и естетика.

Во Зборникот се објавени трудови од академик Катица Ќулавкова (МАНУ), проф. д-р Ала Шешкен од МГУ „Ломоносов“ од Москва, Руска Федерација, член на МАНУ надвор од работниот состав, проф.д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ, проф. д-р Кристина Николовска, проф. д-р Емилија Црвенковска, проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, проф.д-р Бојан Ортаков, Филип Фиданоски, (во моментот на печатењето на Зборникот работеше како м-р на Универзитетот на Нов Јужен Велс Кенсингтон  Сиднеј, Австралија, а сега е д-р при Универзитетот во Болоња, Емилија-Ромања, Италија),  м-р Бранко Цветкоски, м-р Сузана В. Спасовска, м-р Александра Јуруковска и асс. м-р Иван Антоновски.

 Зборникот на трудови „Антево дело“ се очекува да биде биде промовиран и претставен и во некои други градови во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ