сабота, 27 јули 2024

Вечерва последен тест за ракометарите

Објавено на

часот

Сподели

Навивачките се спремни, ракометарите уште малку

По мечот селекторот на црвено-жолтите Звонко Шундовски се очекува да го соопшти конечниот список на 16-темина што ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во Србија.

До вечер ќе биде познато дали капитенот Кире Лазаров ќе настапи на овој контролен меч, последен пред заминувањето на македонските ракометни асови в петок за Ниш. Лазаров доби помала повреда на вчерашниот претпладневен тренинг, кога го истегна лигаментот на скочниот зглоб.
– Имам мала болка и мал оток, но не е ништо страшно. Во текот на денот ќе одлучиме со селекторот и тренерот дали вечерва ќе настапам – изјави Лазаров.
Комбинираниот тим на ракометари од Металург и Вардар про ќе биде предводен од Веселин Вујовиќ, а влезот е бесплатен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ