„На концертот во Тетово, ќе биде изведена програма во која зад најголемиот дел од нумерите стои потписот на прерано починатиот првенец и долгогодишен раководител на оркестарот на НУ „Танец“, големиот композитор, аранжер и инструменталист, Милан Завков“, изјави Бранка Костиќ-Марковиќ, уметнички раководител на ансамблот.
„Танец низ татковината“ се целовечерни концерти на целиот ансамбл кој го сочинуваат играорен кор, вокален ансамбл и оркестар. Сите изведуваат атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од разни региони на кои се создавало македонското музичко-сценско фолклорно наследство.