сабота, 22 март 2025

Вечерва е уапсен возачот кој денеска удри малолетничка во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х. од село Крушопек, скопско, затоа што околу 14:30 часот на булевар Партизански одреди во Скопје, наспроти пазарот во Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило голф со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје, информираше вечерва МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплексот клиники Мајка Тереза каде ѝ била укажана лекарска помош и констатирани ѝ се тешки телесни повреди. Извршен е увид од СВР Скопје, а возачот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ