петок, 18 октомври 2024

Вечерва 217 „Ел Класико“

Објавено на

часот

Сподели

Се уште се чека блесок на Роналдо на „ел класико“

Реал против Барселона е ново поглавје во кое како и во изминатите две сезони, се сведува на битка на Меси со Роналдо, Чави со Чаби Алонсо, Касиљас со Валдес… Ништо ново, ништо поразлично нема да понудат двата тима, освен спектакл, и за навивачите на „кралскиот клуб“ конечно победа. Барселона во последните три сезони е доминантна, а Реал по секоја цена се обидува да ги преземе трофеите од својот најлут ривал. Досега скорот е 8-3-1 за Барселона.

Сезонава Реал и Барса играа трипати, победи Барса со 3-1 во Првенството, ремизираше 2-2 и победи 3-2 во Суперкупот. До крајот на сезоната можни се максимум уште четири дуели, сигурниот реванш во Купот, вториот првенствен меч, но и можноста за двомеч во Лигата на шампионите.

Во пресрет на мечот, нема непознаници меѓу двата тима, па 271 „Ел Класико“ во рамките од четврт-финалето на Кралскиот куп, на Пиринеите ви го презентираме низ призма на бројките, кои отсликуваат едно од најголемите светски дербија со речиси стогодишна традиција.

8 победи има Барселона под палката на Пеп Гвардиола во 12 дербија, откако е тренер на Барса во 2008 година

13 гола даде Лионел Меси, најдобриот светски играч и е петти најдобар стрелец во класиката заедно со легендарниот Француско Генто

18 гола има легендарниот Алфредо Ди Стефано, почесниот претседател на Реал, кој е најдобар стрелец на сите времиња, пред Ференц Пушкаш и Раул, кои имаат по 15 гола

18 картони добил Фернандо Иеро, поранешниот дефанзивец на Реал и на Шпанија (17 жолти и еден црвен картон).

22 победи од 23 меча има Реал во периодов во сите натпреварувања. Единствениот пораз им е од Барселона со 1-3 во Примера на „Сантијаго Бернабе“.

33 гола постигна Лионел Меси досега во сите натпреварувања, а неговиот голем ривал Кристијано Роналдо е прв стрелец во Примера со 21 гол и вкупни 26 гола во сите натпреварувања.

86 победи има Реал над Барселона во официјалните пресметки, еден повеќе од Барселона, која има 85.

216 „Ел Класика“ се одиграни од 13 мај 1902 година до сега. Првото дерби го доби Барселона со истиот резултат како и последното, 3-1.

362 гола постигнал Реал во мечевите со Барселона, 12 повеќе од Каталонците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ