сабота, 27 јули 2024

Вечерњи лист: Хрватска ѝ врачи протестна нота на Црна Гора поради Јасеновац

Хрватска денес ѝ врачи протестна нота на Црна Гора поради предлогот на претседателот на црногорското собрание Андрија Мандиќ кој кажа дека политичките претставници на Србите ќе предложат резолуција за Јасеновац, пренесува Вечерњи лист.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хрватскиот медиум наведува дека нотата „ја апострофира непримереноста на манипулацијата на жртвите на Јасеновац во политички цели“, инструментализацијата на Хрватска за внатрешната политика во Црна Гора и ја повикува Црна Гора да се воздржи од било што што може да го загрози нејзиниот пат кон Европската Унија.

Вечерњи лист потсетува дека Хрватска веднаш, по почетокот на иницијативата во црногорскиот парламент, на властите во Подгорица им го изнела своето несогласување, со напомена дека ќе ја следи состојбата и дека официјално ќе реагира. Тоа се случи денес, кога хрватското министерство за надворешни и европски работи му врачило нота на вршителот на дипломатските работи на Црна Гора.

Во нотата се изразува загриженост од фактот што споменот на жртвите на Јасеновац се политизира и се злоупотребува за внатрешни политички натпреварувања во Црна Гора и се става во контекст на расправата за нацрт резолуцијата на Генералното собрание на ОН за Сребреница, со која не е во никаква политичко-историска врска, и тоа на начин кој не придонесува на искрено изразување пиетет кон жртви, осуда на злосторството и развивање култура на сеќавањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ