четврток, 26 декември 2024

Вдовицата на Навални: Истражете ги тековите на Путиновите пари на Западот

Јулија Навалнаја, сопругата на покојниот руски политичар Алексеј Навални, ги повика европските политичари и функционери да ги истражат финансиските текови на Западот поврзани со рускиот претседател Владимир Путин и неговите сојузници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Навалнаја зборуваше во Европскиот парламент во Стразбур, 12 дена откако нејзиниот сопруг ненадејно почина во руска казнена колонија на 48 години.

„Путин е шеф на организирана криминална банда. Таа вклучува трујачи и убијци, но тие се само марионети. Најважните се луѓето блиски до Путин, неговите пријатели и соработници и чуварите на мафијашките пари“, кажа таа.

„Вие и сите ние мораме да се бориме против таа криминална банда. А политичка новост е да се применат методите на борбата против организираниот криминал, а не политичката конкуренција. Не изјави за загриженост, туку потрага по мафијашките соработници во вашите земји, по прикриените адвокати и финансиери кои им помагаат на Путин и неговите пријатели да ги скријат парите“, кажа Навалнаја.

„По негова (на Путин) наредба, Алексеј беше мачен три години. Беше изгладнуван во мала камена ќелија, отсечен од надворешниот свет без дозвола за посета, телефонски посети па дури ни писма“, кажа Навалнаја пред европратениците.

Таа порача дека ќе ја продолжи работата на својот сопруг, го опиша Путин како „крваво чудовиште“ и им кажа на пратениците во ЕП дека со него не може да се преговара.

„Не можете да му наштетите на Путин со една резолуција или со уште една рунда санкции која не се разликува од претходните“, оцени таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ