Студентите и граѓаните стоеја во тишина, со вклучени блицеви на телефоните, до седум минути по полноќ, на петтиот масовен собир кој во Србија беше одржан во рамки на повеќемесечните протести поттикнати од трагедијата во Нови Сад.
Neko ozbiljno treba da razmisli šta mu je veća briga. Da li ovaj neverovatan broj ljudi u Nišu, da li ova neverovatna buka ili ova moćna tišina.
Niš 01.03.2025.
Tišina. pic.twitter.com/gbLwRBisnm— Danijel (@Danijel39186016) March 1, 2025
Со тоа формално заврши протестот кој почна во саботата во 9 часот, предводен од студентите од сите четири универзитетски центри во Србија. Студентите најавија дека до три часот наутро ќе го исчистат плоштадот и околните улици каде беше одржан собирот, а во тоа им помогнаа и жителите на Ниш.
Граѓаните на Ниш во петокот вечерта со овации ги дочекаа илјадниците студенти од неколку десетици српски градови кои на собирот пристигнаа со повеќедневно пешачење, возење велосипеди и штафетен маратон. На 18-часовниот собир се собраа десетици илјади луѓе, а во главната програма на протестот во саботата вечерта беше прогласен „Студентскиот едикт“.
Со тој документ со осум точки студентите им порачаа на властите дека сакаат државни институции посветени на правдата и интересите на сите граѓани, праведно општество и систем кој „ги цени знаењето и работата, а не послушноста и молчењето“.
Oko Niša kiša
a u Niš ⛽
narod da vidiš
🫣🥰🥰🤗
📽️ mediacentar_nis pic.twitter.com/l9G2FZiSeA— Миланк⭕ (@lemibrateu) March 1, 2025
Називот на протестот „Студентски едикт“ симболично е поврзан со Миланскиот едикт на царот Константин Велики од 313 година, кој е роден во тогашен Наис, денешен Ниш, а со својот едикт вовел рамноправност на религиите во Римското Царство.
Протестот е организиран на денот кога се одбележуваа четири месеци од уривањето на стреата на неодамна реновираната железничка станица во Нови Сад, кога на 1 ноември загинаа 15 главно млади луѓе, а уште две лица беа повредени со трајни последици.
Студентите поддржани од граѓаните од тогаш на плоштадите и улиците низ Србија бараат одговорност и правда за жртвите, додека власта протестите ги гледа како „обоена револуција“. Следниот голем протест студентите го најавија за 15 март во Белград и ги повикаа сите свои колеги и граѓани на Србија да им се придружат.