Во првиот случај пријавен вчера во 21.06 часот во СВР Скопје, се посочува дека во село Добри Дол, општина Сопиште, на место викано „Перковец“, настанал пожар во викенд – куќа сопственост на П.С.. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.
Вториот пожар бил пријавен во 13.10 часот на подрачјето на општина Аеродром, во близина на ДСУ „Димитар Влахов“. Пожарот зафатил сува трева, но се проширил и на објект на фирма сопственост на О.Ј.. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.
Вчреа во 12.40 часот во СВР Скопје, бил пријавен пожар и на подрачјето на Чаир, кој настанал во објект на фирма сопственост на А.Р. (47) од Скопје. И во овој случај е интервенирано од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, по што пожарот бил изгаснат.
Засега нема информации за висината на пичинетата штета.