сабота, 27 јули 2024

Вчера се гаснеа 39 пожари, утрово еден е активен

Противпожарните тимови вчера интервенирале на 39 пожари на отворен простор и 38 изгаснале, некаде заеднички – здружени од повеќе општини, а и со помош од месните жители, како и со воздухопловна поддршка од ДЗС и МВР, информира Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Утрово активен е пожарот кај Македонски Брод, во пределот над селото Белица, каде што гори ретка борова шума на тешко пристапен терен.

При вчерашните 39 пожари, на територијата на целата држава, гореле сува трева, ниска вегетација, деградирана, а и мешана и квалитетна борова шума, лозја, овоштарници, капини, депонии, отпадоци и слично.

Еден од посериозните пожари на отворено беше меѓу Лозово, Велес и Свети Николе, каде интервенираа и хеликоптери и ер-трактори. Дежурните противпожарни тимови и во текот на ноќта до утрово, догасувале на местата каде што ќе се појавело жариште.

Најмногу пожари вчера имаше во Општина Куманово, 13 и сите се изгаснати.

Изгаснати се и пожарите во Арачиново, Бутел, Гази Баба, Сарај, Илинден, Ѓорче Петров, Студеничани, Струмица, Босилово, Василево, Радовиш, Охрид, Велес, Лозово, Свети Николе, Кавадарци, Кочани, Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ