Право на глас имаа сите професори и асистенти и по еден студентски претставник од секој факултет. По пребројувањето на гласовите, Фетаји е прогласен за победник со 38 гласа, три гласа повеќе од противкандидатот, проф. д-р Блерим Саити. По завршеното гласање претседателот на изборната комисија, Зоран Гацовски, изјави дека изборите завршиле успешно.
Но, незадоволните од овој резултат велат дека имало притисоци врз гласачите и повеќе детали најавуваат за денеска.
Беким Фетаји е ИТ инженер, во чија биографија пишува дека дипломирал на Универзтитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, магистерските студии ги завршил во Оксфорд, Обединетото Кралство, а студиите за доктор на технолошки науки – во Грац, Австрија.
Неговиот противкандидат, Блерим Саити, е професор по физичко. Според неговото ЦВ, факултетот и магистерските студии ги завршил на Институтот за физичка култура при Универзитетот во Тирана, а докторирал на „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2013 година. Пред гласањето, на ТВ Клан објави свидетелство на Саити од втора година средно образование во Дебар, во кое се гледа дека тој имал двојки по сите предмети освен по ликовно.
Беким Фетаји во понеделник треба официјално да го преземе мандатот на ректор. Тој ќе биде третиот ректор по Изет Зеќири и Азиз Положани.
Новиот ректор ќе биде одговорен и за управувањето со 34,5 милиони евра, кои Владата на Македонија ги одвои за изградба на универзитетскиот кампус на универзитетот „Мајка Тереза“.