сабота, 27 јули 2024

Вчера два пожара на отворено

Во државава во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено, еден во Скопскиот регион и еден во Општина Радовиш каде што пожарникарите гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на село Покрајчево на површина околу 15 хектари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

ЦУК алармиеа да се избегнува палење оган на отворено, заради тоа што вегетцијата е сѐ уште многу сува, врнежите беа мали и температурите преку ден се во покачување. Итните случаи да бидат пријавувани што побрзо со кратки и прецизни информации на бројот 112, во интерес на безбедноста на граѓаните, а и на материјалните и природните добра во државата, информираат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ