сабота, 27 јули 2024

Вчера беа локализирани 19 пожари, 10 дена трае потрагата по исчезнатото лице од Теново

Објавено на

часот

Сподели

Вчера беа локализирани пожарите во Општина Чешиново – Облешево,  село Соколарци и село Жиганци, во Општина Сарај, кај село Радуша, ниска вегетација гореше на улицата Скупи во скопската општина Карпош,  Општина Гази Баба парк шума Гази Баба, Општина Битола село Трап (стрниште), село Могила, Општина Ресен  село  Д.Бела Црква, Општина Долнени 2 пожари село  Дебреште и село Кошино, Општина Радовиш  село Ораовица, Општина Кавадарци  м.в Овчка Река, Росоман, Желино, Општина Виница  м.в Крлански Мост, во Општина Куманово имаше 4 пожари, Рамановце, Слупчани, Пчиња и Љубодраг и во Општина Кичево село Бериково.

х

За време на вчерашната потрага по исчезнатото лице од село Теново во Општина Брвеница, по кого се трага веќе 10 дена, во реката Вардар беа најдени фрлени вреќи со облека во облик на човечко тело во водата. За момент екипите помислија дека го пронашле исчезнатото лице.

Се планира потрагата да продолжи во наредните денови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ