вторник, 24 септември 2024

Ватикан: Целта е мир, нуклеарното оружје треба да се елиминира

Целта е стремеж за општ мир, а тоа подразбира општо разоружување и особено елиминација на нуклеарното оружје, изјави Пјетро Паролин, државен секретар на Ватикан, во пресрет на 79-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Паролин истовремено изјави дека целиот свет е зафатен од опасна криза и дека е време да се брани човечкото достоинство.

„Мораме да гарантираме сигурна иднина во која сите луѓе ќе можат да уживаат во развојот, како поединци и како заедници. Во овој момент не смееме да затвориме очи пред трагедиите со кои се соочува човештвото“, нагласи Паролин.

Ужасите на војната кои моментално одекнуваат на Блискиот Исток и Украина не беа единствените во фокусот на говорот на државниот секретар на Ватикан, кој исто така додаде дека меѓународната заедница треба дополнително да ги зајакне сите свои активности за искоренување на сиромаштијата во светот.

„За мирна и просперитетна иднина потребна е политичка волја да се искористат сите средства кои би довеле до одржлив развој“, беа зборовите на Паролин во седиштето на Обединетите нации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ