сабота, 27 јули 2024

Ватерполистите попладнево стартуваат на ЕП во Ајндховен

Објавено на

часот

Сподели

Повторување на успехот од Малага (Шпанија) пред четири години е целта на македонските ватерполисти, чиј фокус во холандскиот град не е само поправање на впечатокот по последното место во Загреб во 2010, туку пласман на квалификацискиот турнир за Летните Олимписки игри во Лондон.

Турнирот во Едмонтон е дополнително привлечен од доброто презентирање на Македонија на ЕП. Според пропозициите, пласман до осмото место би гарантирало учество на тој турнир, со оглед дека дел од селекциите од светскиот крем (Србија, Хрватска, Италија, Унгарија) имаат пласман на ЛОИ, шанса се отвора и за нас. Пропозициите велат првите шест од ЕП одат во Едмонтон, но ако има пласирани, се поместува границата. Границата сигурно ќе се помести, затоа што барем три од овие четири пласирани селекции сигурно ќе бидат меѓу првите пет.

Затоа и повторувањето на успехот од Малага би било премија за Македонија, а шансата против Турција не смее да не се искористи. Подготвителните 11-6 во Турција се доволни за да ни ја дадат улогата на фаворит на денешниот меч, кој треба да не загрее за преостанатите мечеви од групата против фаворизираните Италија и Унгарија, вечниот непријател Грција, кој специјално се засили за ова ЕП, како и домаќинот Холандија.

Македонскиот селектор Игор Гочанин имаше мака со неколкуте повредени играчи, пред сè Иван Вуксановиќ и Игор Летица, но двајцата сигурно ќе настапат на ова ЕП. За Македонија ова е четврти голем турнир по двете ЕП (осмо место во Малага, 12 во Загреб), како и 14. место на СП во Рим. Македонија во изминатите две години е стандарден учесник и на Светската лига.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ