сабота, 27 јули 2024

Ватерполистите подготвуваат потоп на Грција

Објавено на

часот

Сподели

Понесени од импресивните 16-4 против Турција, рекордна победа за нас на едно ЕП, но и лошата игра на јужниот сосед против Холандија (14-12), апетитите пораснаа до максимум и кај ватерполистите, и кај јавноста, која во деновите на репрезентативна еуфорија, ја очекуваат најслатката победа, како најава за ракометната пресметка со Германија во Ниш подоцна.

Костурот на нашиот тим, кој е составен од натурализирани Срби, Црногорци и Хрвати, еднаш веќе почувствуваа што значи победа против вечниот ривал, со победата пред година и пол во меч од Светската лига, па такво сценарио како од скопски Олимписки несомнено посакуваат и денеска.

Сите играчи се свесни колку значи победа против Грција, па и самите, посакуваат да бидат запаметени во историјата, како херои кои му го земале скалпот на јужниот сосед. Без оглед што Грција во ватерполото е далеку пред Македонија во традицијата, за очекување е дека и овојпат треба да пресуди „лавовското срце“.
Едноставно, попладнево Македонија ќе живее за нова победа на ЕП над Грција. Победата ќе значи и дека ватерполистите ќе се најдат на одличен пат да направат добар пласман на ЕП и да обезбедат виза за квалификацискиот турнир во април во Едмонтон, за пласман на ЛОИ.

Дека Грците не се оптимисти пред дуелот покажа и информацијата на порталот „Курир“ вчеравечер, дека националната телевизија на јужниот сосед нема да врши директен пренос од страв дека јавноста ќе гледа нова бламажа од нашата земјата, по кошаркарскиот дебакл лани во Летонија.

Дуелот со Грција ќе го отвори вториот ден на еврошампионатот, на кој подоцна следат и дуелите Србија – Германија (14.30 ч.), Шпанија – Романија (16 ч.), дербито Црна Гора – Хрватска (17.30), Холандија – Унгарија (19 ч.) и Турција – Италија (20.30 ч.).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ