сабота, 27 јули 2024

Ватерполистите на мегдан на светскиот првак Италија!

Објавено на

часот

Сподели

„Аѕурите“ се нашата последна шанса да изненадиме некој фаворит, откако избраниците на Игор Гочанин изгореа во желбата да триумфираат над Грција, а очекувано загубија од велесилата Унгарија, со тоа што одиграа одлични периоди во мечот. Токму тие периоди, како втората половина од првата четвртина и одличните втора и трета четвртина, ватерполистите треба да ги повторат против Италија, ако воопшто сакаат да се надеваат на поволен резултат.

Светскиот првак, кој во Шангај го освои третото светско злато, традиционално е многу незгоден противник, и дуелите со Италија за македонските ватерполисти секојпат носеле мошне група игра во базените. Македонија двапати на големите натпреварувања убедливо загубила од Италијанците, и тоа со 5-11 на ЕП во Малага во 2008 година, кога дебитиравме на големата сцена, а потоа и со 5-12 една година подоцна на СП во Рим.

Македонија, ако евентуално ја изненади Италија, ќе биде на чекор до четврт-финалето и до речиси сигурно место на квалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ во Едмонтон (Канада) во април годинава. Поразот, пак, нѐ остава во игра, но тогаш ќе зависиме од пласманот на великаните, кои веќе имат обезбедено настап на ЛОИ во Лондон.

Во нашата група на две кола до крајот лидери се Унгарија и Грција со максимален ефект по трите рунди пред Италија со 6 бода. Македонија има 3, а на дното се домаќинот Холандија и Турција без ниту еден бод. Последниот меч го играме со Холандија од 19 часот в понеделник. Покрај нашиот дуел, денеска на програмата во претпоследното коло во групите на ЕП се и Србија – Романија (13 ч.), Турција – Холандија (16 ч.), Шпанија – Црна Гора (17.30 ч.), Грција – Унгарија (19 ч.), Германија – Хрватска (20.30 ч.).

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ