сабота, 27 јули 2024

Василакис и Јолевски програмски директори на Вевчанскиот карневал!

Објавено на

часот

Сподели

Антонио Милошоски

Грција против Вевчани! Уште тоа фалеше. Сега наместо билатерални, ќе има трилатерални преговори – Република Македонија, Елада и Република Вевчани! Догодина, предлагам Метју Нимиц да биде покровител на Вевчанскиот карневал, а Василакос и Јолевски програмски директори.

Ова е коментарот на Фејсбук на Антонио Милошоски, пратеник и поранешен министер за надворешни работи,  по грчката официјална реакција наeдна од маските за време на Вевчанскиот карневал.

Министерството за надворешни работи на Грција вчера испрати протестна нота до македонското МНР, поради провокативно однесување на учесниците на карневалот во Вевчани. Грција протестира затоа што македонските власти не го осудиле настапот на вевчанци, кои на манифестацијата ја „погребаа“ Грција и го запалија нивното знаме.

Атина бара Македонија да го осуди овој чин и да спречи во иднина вакви и слични настани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ