сабота, 27 јули 2024

Вашингтон: Украина не треба да го користи американското оружје за напади во Русија

Објавено на

часот

Сподели

Генералот Марк Мили, претседател на Здружениот генералштаб на САД, рече дека неговата канцеларија на социјалните мрежи ги прегледува сликите на возила и воена опрема поврзани со упадот на милициите во понеделникот во рускиот регион Белгород.

„Во овој момент не можам да кажам со дефинитивна точност дали станува збор за американска опрема или не, каква е природата на нападот и кој кому што му направил“, рече Мили на прес-конференција во Пентагон.

„Но можам да кажам дека побаравме од Украинците да не ја користат опремата испорачана од САД за директни напади во Русија“.

Снимките од некои од уништените возила објавени од руското Министерство за одбрана покажаа американска опрема како што се воените камиони хамви. Ројтерс успеал да ја потврди локацијата на оштетените возила и деталите прикажани на видеото, иако не можел да го потврди датумот на снимањето на видеото.

Украинската влада негираше каква било улога во упадот во Белгород, за кој одговорноста ја презедоа две групи руски граѓани што не го поддржуваат рускиот претседател Владимир Путин.

Украина велеше дека оружјето со подолг дострел ветено од САД нема да го користи за напади на руска територија и дека ќе ги гаѓа само руските единици на окупираната украинска територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ