сабота, 27 јули 2024

Вашингтон тврди дека Украина не учествувала во московскиот масакр

Владата на Соединетите Американски Држави соопшти денес дека „нема вмешаност на Украина“ во масакрот во предградието на Москва, откако рускиот претседател Владимир Путин спомна за можна врска на терористите со Украина, поради тоа што тие наводно се обиделе да избегаат во таа држава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нема докази дека Украина е вмешана во масакрот во кој настрадаа 137 луѓе, а одговорноста за нападот ја презема џихадистичката група Исламска држава“, изјави денес американската потпретседателка Камала Харис.

„Исламска држава ја сноси целата одговорност за нападот. Нема вмешаност на Украина“, кажа неименуван портпарол на американскиот Совет за национална безбедност.

Вашингтон го коментираше вчерашниот говор на рускиот претседател кој го осуди „варварскиот терористички чин“ и додаде дека четворицата извршители на нападот се уапсени „додека бегале кон Украина“, не спомнувајќи ја Исламска држава.

Нападот се случи во петокот во концертна сала во Красногорск, северозападно предградие на Москва. Тоа е најсмртоносниот терористички напад во Русија во последните 20 години.

Исламска држава, против која Русија се бори во Сирија и која е исто така активна на рускиот Кавказ, има спроведено напади на руско тло, уште од крајот на 2010 година. Меѓутоа, џихадистичката група никогаш не презела одговорност за еден толку голем напад.

Исламска држава во петокот вечерта на Телеграм соопшти дека е одговорна за нападот и дека тоа е дел од „војната со земјите кои се борат против исламот“.

Меѓутоа, ни Путин ни руските служби за безбедност не ја обвинија Исламска држава, туку соопштија дека осомничените за нападот имале „контакти на украинска страна“ и дека се обидувале да избегаат во таа земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ