сабота, 27 јули 2024

Вашингтон силно ќе нè турка и во Чикаго

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е накратко пораката што денеска во Скопје ни ја повтори Филип Рикер, заменик-помошникот државен секретар на САД на средбата со претседателот Ѓорге Иванов.

Главна тема на средбата, како што соопшти кабинетот на претседателот, била разговорите со Грција за надминување на наметнатиот спор за името, во пресрет на Самитот на НАТО во Чикаго.

Иванов го информирал Рикер за исходот од средбите што специјалниот пратеник Метју Нимиц ги свика во Њујорк.
Загрижувачки според Иванов е „недостигот од волја кај грчкото раководство сериозно да се ангажира за надминување на ова прашање“.

Според претседателот, објективните политички и економски проблеми со кои се соочува Република Грција не треба да бидат оправдување за грчкиот политички врв да одбегнува иницијативи за наоѓање заемно прифатливо решение. Иванов на средбата изразил незадоволство од одлуката на грчките власти да ја прекинат практиката на директни средби на високо ниво меѓу двете држави.

Сепак, Македонија како и досега, активно и конструктивно ќе учествува во процесот што се води во ОН со очекување дека нашиот сосед ќе покаже одговорен однос, дека ќе покаже конструктивност и во целост ќе ја почитува Привремената спогодба.

Заменик-помошникот државен секретар нагласил дека македонската реакција на пресудата беше за поздравување и дека придонела за создавање подобра атмосфера за надминување на спорот. Понатаму, на средбата било заклучено дека двете земји ќе продолжат тесно да соработуваат за реализација на крајната цел, полноправно членство во Алијансата. Во тој контекст Рикер уште еднаш го поздравил долгогодишниот ангажман и високиот професионализам на македонските мировници во меѓународните мисии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ