сабота, 27 јули 2024

Вашингтон пост: Украина сакала да изврши масовни напади на Русија, САД ја спречиле

Објавено на

часот

Сподели

Според документите во кои имал увид американскиот весник, Украина планирала масовни напади длабоко зад непријателските линии на годишнината од руската инвазија на 24 февруари, вклучувајќи и некаков вид на напад на Москва.

Вашингтон пост пишува дека шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов им кажал на своите офицери да се подготват за масовни напади на 24 февруари со сè што го има војската. Меѓутоа, Белата куќа постојано стравува дека напади на руска територија би предизвикале агресивен одговор на Кремљ.

Весникот пишува дека ЦИА објавила нов доверлив извештај само два дена пред годишнината во кој се наведува дека Украина се согласила, на барање на Вашингтон, да ги одложи масовните напади на Русија. Во документите не се наведува кој точно посредувал и зошто Украинците се одлучиле да се откажат од нападите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ