петок, 25 октомври 2024

Вашингтон пост: САД и блискоисточните партнери подготвуваат мировен договор со формирање палестинска држава

Соединетите Американски Држави и неколку нивни блискоисточни партнери подготвуваат детален план за сеопфатен мировен договор меѓу Израел и Палестинците кој вклучува „цврста временска рамка“ за воспоставување палестинска држава, пренесува Вашингтон пост, наведувајќи дека повеќе детали би можеле да бидат познати во следните недели.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Итноста на напорите е директно поврзана со предложениот прекин на борбите и ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Газа за што преговараат САД, Катар и Египет.

Во извештајот, кој се повикува на американски и арапски функционери, се наведува дека клучот на планот и неговото објавување би било постигнување почетно примирје меѓу Израел и Хамас.

Во текот на оваа пауза, која би траела најмалку шест недели, САД планираат да го објават извештајот, да преземат почетни чекори кон негова имплементација, вклучувајќи формирање привремена палестинска влада и да се обидат да придобијат понатамошна поддршка за потегот.

„Клучен е договорот за заложниците“, кажал еден американски функционер.

Меѓутоа, во извештајот се вели дека е нејасно дали Израел ќе се сложи со таквиот потег.

Предложениот план вклучува чекори кои Израел претходно ги одбил, а малку е веројатно дека ќе ги одобри актуелната влада, вклучувајќи евакуација на многу населби на Западниот брег и палестинска престолнина во источен Ерусалим.

Дури и додека Египет, Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и палестинските претставници, покрај САД, работата на постигнување договор, постојат стравувања дека најавениот израелски напад на Рафа ќе ја забрза кризата во Газа и ќе ги поткопа напорите за долгорочен мир, наведува Вашингтон пост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ