сабота, 27 јули 2024

Вашингтон пост: На Американците им снемуваат Украинци за обучување

Бројот и зачестеноста на украинските војници кои минуваат обука во американските бази во западна Европа паднале на речиси нула во последните месеци, што сугерира дека на Киев му снемуваат луѓе, кажале американски функционери за Вашингтон пост.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американски инструктори ја почнаа обуката на украинските трупи во април 2022 година, а вежбите се одржувале на полигонот Графенвер во Германија. Околу 3.100 украински војници ја минале американската обука до крајот на 2022. Програмата, пред неуспешната летна контраофанзива на Киев, во јануари 2023 била проширена на обука на 12 бригади.

Покрај овие 12 бригади, три бригади ги обучувале други европски земји, додека американски инструктори предавале комбинирана тактика на тенковски баталјон и два баталјони на националната гарда.

Меѓутоа, последната бригада обучена во Германија го напуштила Графенвер, најголемата американска команда за обука во странство, во јануари или февруари, кажале неименуваните функционери за Вашингтон пост. Во месеците од тогаш, никој не поминал обука, „што сугерира исцрпување на кадровската лента“, парафразира весникот.

Иако претседателот на Украина Володимир Зеленски во февруари кажа дека од почетокот на конфликтот украинските сили изгубиле 31.000 војници, западните медиуми и функционерите наведуваат дека таа бројка е грубо потценување, додека Москва украинските загуби ги проценува на речиси половина милион.

Во декември Зеленски објави дека војската од него побарала мобилизација на дополнителни 500.000 војници и од тогаш се води фуриозна кампања за регрутирање на Украинците – снижена е старосната граница, заострени се казните и се ускратуваат граѓанските права, пишува американскиот весник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ