Новинар кој работи за американскиот весник нашол остатоци од три артилериски гранати од 155 милиметри кои запалиле четири куќи во таа либанска населба крај границата со Израел.
Чадот од лесно запаливата муниција со бел фосфор се користи за криење на движењето на војската. Меѓутоа, зрната од тој вид фосфор можат да предизвикаат потенцијално смртоносни изгореници и оштетувања на белите дробови, и користењето на таа муниција со меѓународното хуманитарно право е забрането во цивилни подрачја, наведува американскиот весник.
Од деветте ранети во израелскиот напад на либанската населба, најмалку тројца се хоспитализирани, од кои едно лице со денови.
Фотографиите и видео снимките чија автентичност е потврдена од Амнести интернешнал и ги разгледувал Вашингтон пост, покажуваат карактеристични траги од бел фосфорен чад како паѓа на Деира на 16 октомври.
Ознаките на остатоците од гранатите одговараат на номенклатурата која војската на САД ја користи за муницијата од домашно производство, а светлозелената боја и другите ознаки на еден остаток од граната одговараат на муниција со бел фосфор, кажале воени експерти.
Вашингтон пост потсетува дека САД редовно воено го помагаат Израел.
Прекуграничните конфликти на јужната граница на Либан се секојдневни од почетокот на војната на Израел и палестински Хамас во Газа.
Во фокусот на конфликтот е населбата Деира со околу 2.000 луѓе бидејќи од таму проирански Хезболах ги напаѓа израелските воени пунктови.
Во Либан се убиени 94 лица до 5 декември, вклучувајќи 82 припадници на Хезболах, а во Израел 11 лица, главно војници.