вторник, 1 октомври 2024

Вашингтон пост: Израел ги известил САД дека планира ограничена копнена операција во Либан

Израел планира ограничена копнена операција во Либан, која би можела да почне веднаш и за тоа е известено раководството на Соединетите Американски Држави, јавува Вашингтон пост повикувајќи се на неидентификуван извор во американската влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Операцијата би била помала од војната на Израел против паравоената либанска милиција Хезболах во 26 година и би се фокусирала на „чистење на инфраструктурата на милитантите долж границата за да се отстрани заканата по израелските погранични места“, кажал изворот.

Војната на Израел против проирански Хезболах во летото 2006 година траеше 34 дена и во неа беа убиени околу 1.200 луѓе во Либан и 165 Израелци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ