вторник, 22 октомври 2024

Вашингтон пост: ФБИ ги истражува обидите за хакирање на претседателските кандидати

Американскиот весник Вашингтон пост објави дека ФБИ ги истражува обидите за хакирање на податоците на американските претседателски кандидати на изборите што ќе се одржат во ноември.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Истрагата на ФБИ беше покрената уште во јуни кога актуелниот американски претседател Џо Бајден беше кандидат на Демократската партија, пренесува Ројтерс.

Во меѓувреме, Бајден беше сменет како кандидат на демократите од потпретседателката Камала Харис, а нападнати беа и веб-страниците на кандидатот на Републиканската партија и поранешен претседател Доналд Трамп.

Инспекторите не пронајдоа докази кои сугерираат дека обидите за хакирање на кампањата на демократите биле успешни.

Од друга страна, штабот на Трамп во текот на изминатиот викенд објави дека Иран хакирал една од нивните веб-страници, повикувајќи се на информации што ги добиле од Мајкрософт.

Иранската влада негираше какво било мешање во претседателските избори во САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ