сабота, 19 октомври 2024

Вашингтон пост: Британија се подготвува да испрати оружје со долг дострел во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот објавен на 2 мај, Министерството за одбрана на Велика Британија побара експертска проценка за обезбедување такво оружје со дострел до 300 километри.

Во известувањето се бара одговор во рок од три дена, објави Вашингтон пост. Сè уште не е донесена конечна одлука, според британски функционер кој одби да го потврди типот, временската рамка и количината на оружје што се разгледува.

Вашингтон пост додава дека известувањето е значаен чекор кон британското снабдување со такво оружје.

Украина долго време бараше од западните земји оружје со долг дострел, оценувајќи дека таквото оружје може да го промени текот на војната, бидејќи тоа ќе ѝ овозможи на украинската војска да гаѓа руски командни центри, синџири за снабдување, складишта за муниција и гориво, длабоко на територијата на Крим, како и на територии на истокот на Украина кои се под контрола на Русија.

Загриженоста дека Украина би можела да истрела проектили на цели во Русија е главната причина поради која Америка неколку пати ги отфрли барањата на Киев да ги снабдува со оружје со долг дострел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ