сабота, 27 јули 2024

Вашингтон и понатаму без победа

Објавено на

часот

Сподели

Орландо со 104-97 победи на гости кај Сакраменто во највозбудливиот меч, во кој „кралевите“ го сопреа Двајт Хауард на само пет поени, но сето тоа не беше доволно за да забележат победа. Рајан Андерсон со 19 поени и 11 скока и Глен Дејвис со 20 поени и 8 скока ги предводеа магичните до победата.

Лос Анџелес Лејкерс славеа над Мемфис со 90-82, а дури четворица од првата петорка имаа двоцифрен број поени, а интересно, првата ѕвезда Коби Брајант беше единствениот од нив што немаше дабл-дабл учинок. Брајант со 26 поени и 9 скока ги предводеше Лејкерс, а Ендрју Бајнам имаше 15 поени и 15 скока, Пау Гасол 13 поени и 15 скока, а Мет Бернс 15 поени и 10 скока.

Сите други пет меча завршија со двоцифрени победи. Минесота го остави Вашингтон и понатаму без триумф во скратената сезона со победата од 93-72, Кевин Дјуран беше незадржлив со 21 поен, 10 скока и 7 асистенции за триумф на Оклахома против Сан Антонио од 108-96. Портланд лесно го растури Кливленд со 98-78, додека Феникс со 109-93 славеше над Милвоки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ