сабота, 4 јануари 2025
Според американската амбасадорка во Русија

„Вашингтон е спремен за конструктивен дијалог со Москва“

Амбасадорката Лин Трејси изрази надеж за „помирна иднина“ во 2025 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

САД остануваат отворени за „конструктивен дијалог“ со Русија, рече во своето новогодишно обраќање американската амбасадорка во Москва, Лин Трејси. Таа се воздржа од спомнување на конфликтот во Украина, истовремено изразувајќи надеж за „помирна иднина“ за двете нации.

Вашингтон и Москва „мора да продолжат да наоѓаат начини да ги одржат старите врски и да градат нови меѓу Русите и Американците“, рече Трејси во двоминутното видеообраќање објавено на профилот на амбасадата на Икс во вторникот.

„Нашата врата, исто така, останува отворена за конструктивен дијалог со руските владини претставници, со заемна почит, и покрај длабоките несогласувања што ги имаме за многу прашања“, додаде амбасадорката.

Трејси ја истакна „огромната потреба за дипломатија“, истакнувајќи дека „конфликтите и неизвесноста продолжуваат да земаат голем данок низ целиот свет, вклучително и во овој регион“, мислејќи на војната во Украина.

Трејси ја презеде улогата на американски амбасадор во Москва во јануари 2023 година, кога односите меѓу двете нации веќе беа нарушени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ