сабота, 27 јули 2024
Евроамбасадорот со изјава од Дебрца

Ваша работа е дали Бугарите ќе ги внесете во Уставот, вели Гир и сугерира дека тоа не би било ништо драматично

Објавено на

часот

Сподели

Што е однесува конкретно на измените на Уставот за вклучување на лицата кои се самоидентификуваат како Бугари, всушност тие промени нема да бидат драматични оттаму што ќе бидат само консолидација на и онака добрата оценка што ја ужива земјата кога станува збор за уредувањето на меѓуетничките односи, изјави евроамбасадорот.

Гир истакна дека секоја држава го уредува Уставот согласно своите специфики, интереси, околности.

„Инклузијата на одредени заедници во Уставот не ги загрозуваат националните интереси на државата. Но, сепак, тоа е прашање што треба да го донесе самата држава“, нагласи евроамбасадорот Гир.

Според евроамбасадорот, живееме во исклучително важни времиња, со нов моментум во контекст на процесот на проширувањето на ЕУ, низ случувањата во Западниот Балкан.

„Тоа се заснива врз цврстата констатацијата дека тоа се работи за заеднички интерес на ЕУ и на Западниот Балкан, како на економски така и на безбедносен план, рече Гир, кој престојуваше во работна посета на Општина Дебрца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ