среда, 11 декември 2024

Варшава: Полицијата симнуваше човек со бомба од споменик на плоштад

Полицијата го опколи плоштадот Пилсудски во центарот на Варшава поради закана за бомба, изјави неименуван сведок за Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

Полските медиуми пренесуваат дека човек се качил на споменик на плоштадот и се заканувал дека ќе се разнесе.

Сликите објавени на платформата X покажуваат човек како стои на врвот на споменикот во Смоленск, подигнат во спомен на жртвите од авионската несреќа во 2010 година, во која загинаа 96 лица, меѓу кои и претседателот Лех Качињски и неговата сопруга Марија.

„Нема влез, има бомба“, изјавил за новинарот на Ројтерс полицаец од местото на настанот.

Портпаролот на полицијата потврдил дека човек се качил на споменикот.

„Барам никој да не се приближува до плоштадот Пилсудски во Варшава. На споменикот се искачи еден човек. Во тек се преговорите“, апелираше до граѓаните преку медиумите портпаролот на варшавската полиција Силвестер Марчак.

Портпаролот Марчек подоцна ја информира полската новинска агенција (ПАП) дека преговарачите разговарале со човекот и дека неколку стотици полицајци, вклучително и силите за борба против тероризам, биле распоредени во областа.

Полицијата соопшти дека го привела човекот откако преговарачите успеале да го отстранат од споменикот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ